Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија и еден од најискусните политичари на македонската политичка сцена, Стојан Андов кој се осврна на договорот со Република Бугарија, како и за моменталните политички случувања.

Андов беше дециден во однос на ставот дека македонскиот народ, Македонците, Република Македонија и македонската историја постоеле отсекогаш и биле автономни. Според него Тодор Живков во 1954 година изнесувал ставови во однос на македонскиот народ, дека всушност Македонците се дел од Бугарија и бугарскиот народ, а историјата иста. На ваквиот став, според Андов се спротивставила тогашна Југославија, како и целиот Варшавски пакт кој бил на страната на македонскиот народ и стоеле на ставот дека Македонците имаат своја држава, а таа се вика Република Македонија.

Според Андов, ова што во моментот се случува со Република Бугарија, односно ветото кое што го стави на нашата земја е потполно неиздржан потег и срамен за бугарската нација. Тој вели дека ова е прв пат во историјата целата Европска да застане во одбрана на една Бугарија која на ваков срамен и подол начин ја понижува македонската нација.

Македонскиот народ никогаш не бил на страната на која беше бугарската окупаторска власт. Македонија никогаш не убивала невини деца и луѓе, ниту пак ги малтретирала, како што тоа го правеа бугарските окупатори на разни начини. Поради тоа ние не можеме да бидеме исти.

Македонскиот народ, ниту пак политичарите, не смеат да прифатат нешто кое што укажува на тоа дека Македонија и Бугарија имаат иста историја. Тоа не е вистина и такво нешто никогаш не смее да се прифати. Такви ноторни лаги и измислици можеби им служат на нив, но никако на Македонија, заврши Андов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.