Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на телевизија Алфа зборуваше за денешниот протест кој ВМРО-ДПМНЕ го организира под мотото „Оставка на Заве, слобода на народот.
Не очекуваме дека последни промени би можеле да настанат во наредните неколку дена. Од почетокот повикуваме дека овој процес треба да продолжи, дека Македонија треба да стане членка на ЕУ, но не по секоја цена и не во секој случај. Во исто време опоменуваме веќе една година наназад дека владата ја води Македонија во погрешна насока, а дека Бугарија ќе ги достави своите барања кои што и веќе беа доставени со Декларацијата минатата година, со дополнителниот Анекс на одлуките на советот од оваа година. Заради тоа баравме Макеоднија да има заеднички став на сите политички чинители, на сите политички партии за да можеме да се избориме со тие пречки од другата страна. Но за тоа не бевме послушани и сега сме доведени до амбисот, да избираме или ќе имаме процес на асимилација на македонскиот народ и негово непосотоење за да можеме да се интегирараме или треба да останеме изолирани на Балканот – рече Андоновски.
Тој во своеото гостување зборуваше и какви пораки ќе испрати ВМРО-ДПМНЕ со овоие протести каде истакна дека време е оваа влада да си замине и да дојде Влада за национален спас која прво ќе ја врати сотојбата во нормала, а потоа ќе организира парламнетарни избори во најбрз можен рок согласно пандемијата.
Треба да се забележи дека владата на Заев дојде на власт со две големи јавни ветувања . Првото беше ветувњање за македонската интеграција во ЕУ и во другите евроатлански институции, а второто ветување е живот за сите. Од првото ветување имаме добиено најмногу вета последниве три години споредено со било колку години наназад, а од второтот ветување живот за сите ние живот не гледаме во ниту една област. Имање ветување за нов Кличинчки центра таков нема, ветувања за тутунарите, катастрофална е ситуацијата, ветувања за сите состојби во здравството , во образованието. Имаме 20- 30 илјади деца кои не следат настава, над 50.000 невработени. Така да тие две јавни ветувања не се исполнија , но се исполнија едни две ветувања тајни кои Заев ги дава едното на своите пријатели во соседството, а тоа е дека се што треба ќе распродаде и ќе даде макеоднскиот јаизк, македонскиот народ , македонскиот идентитет само за да може да цветаа неговите бизниси и второто ветување дека живи луѓе ќе јадат од чистачка до министер и тоа гледаме дека го прават. Двете јавни ветувања ветувања не се исполнети, а двете тајни ветувања Заев директно ги исполнува и заради тоа и вечерва ќе побараме оставка од оваа влада и време е да заминат. Време е да дојде влада на национален спас која прво ќе ја врати состојбата во нормала по сите параметри во кои сме во криза, а потоа ќе организира паралементарни избори во најзбрз можен рок кога условите ќе го дозволат тоа поради пандемијата – додаде Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.