Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ уште во март барала прогласување кризна состојба, но тогаш Владата убедувала дека не е потребно тоа, за на крај тогаш да прогласи вонредна состојба се со цел да изврши поткуп на изборите преку картичките кои што ги делеше.
Ние имавме барања почетокот на март да се прогласи веднаш кризна состојба за да се подигнат капацитетите, тогаш уште не знаевме со што се бориме. Тогаш од Владата бевме убедувани дека такво нешто не е потребно, една недела траеше тоа, за потоа да се отиде кон вонредна состојба. Тогаш можеше сите капацитети да се искористат како кризна состојба, а потоа да се оди во вонредна состојба ако состојбите го налагаа тоа знаете за да се купат картички за потпкуп на избори, вели Андоновски.
Андоновски смета дека одлуката за ангажирање на приватните клиники е одлука колку да се прикаже дека власта нешто работи, потенцирајќи дека додека власта се одлучува за ваков чекор само за да покаже дека нешто работи а во исто време не размислува да ги откаже изборите во Штип.
Ама сега што мислам дека недостасува е здравствениот менаџмент и тој здравствен менаџмент баш и нема врска со приватните болници. Ние имаме проблем во државните болници, имаме проблем во менаџментот на државните иснтитуции, на државните болници. Јас не видов дека приватните болници некој го одбиле, или имаат некаков проблем, судир со државното здравство, досега ми се чини дека излегуваат и одговараат на состојбите како што треба. Но, власта се одлучи за еден ваков чекор ми се чини само за да покаже дека нешто работи а во исто време не размислува да ги откаже изборите во Штип, вели тој и додава:
Се плашам дека овие мерки се носат само за да се покаже еве нешто правиме, еве нешто се трудиме, а всушност внатре системот ни е трул, да ве потсетам на состојбата во болницата во Штип, недостаток на кислород, луѓе кои што не може да добијат вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.