Според сите параметри Македонија е на дното според направени тестови само во Албанија и Бугарија имаат полоши резултати од нас. Македонија има огромна смртност на еден милион жители и се наоѓа во групата н 26 земји во светот кои имаат најголема смртност на еден милион жители. На апсолутниот врв сме по ново заразени, и не може никој да ми каже дека Филипче добро ја менаџира состојбата. Во клучен период кога ние имавме развој на настаните Филипче ангажира тестирања од 100 луѓе на ден, се тестираа само 100 луѓе на ден. Најверојатно имало проблем со алгоритмите, што ако ги нападнете нив тие се вадат на алгоритмите што пак се нивни производ и очигледно нешто не беше во ред, истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5.
Андоновски во своето гостување потсети дека уште од првата недела комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предложи мерки како да се справиме со кризата.
Уште првата недела повикавме на економски мерки за заздравување на економијата. Повикавме на брзо наоѓање на заем од ЕУ од странски кредитори затоа што парите уште тогаш рековме дека ќе станат скапи и што ни се случи денеска. Земавме евро обврзница треба да плаќаме 150 -170 милиони евра камата на таа еврообврзница. Владата на СДСМ не ги прифати мерките, препораките кои ВМРО-ДПМНЕ во тоа време кога ги даваше, додаде Андоновски.
Во однос на изборите тој истакна:
Заев веќе трет пат кажува дека последен датум е овој што го кажува сега, го слушнавме тоа и за 14 јуни, за 21 јуни па сега и за 5 јули и замислете што ќе се случеше да изборите беа договорени за 14 јуни и сега бевме во тек на кампања и да ни се случеше повеќе од половина од листата на кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата во изборна единица 2 да се во самоизолација и треба кампањата да ја помине буквално дома. Уште полошо што би можело да се случи доколку истите тие луѓе беа во кампања, беа заразени и се среќаваа со луѓе. Таа неконзестентност на Заев може да се види баш во тие изјави додека техничкиот премиер бара 30 дена продолжување на вонредната состојба на 15 мај до 15 јуни во исто време неговиот претседател бара избори недела после завршување на вонредната состојба и во таа смисла ние не сакаме после овие бројки кои ни се случуваат да дискутираме за рок, за термин за избори во моментот кога во Република Македонија ни се заразуваат два пати повеќе луѓе отколку во цел Балкан заедно, истакна Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.