Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизја Телма во емисјата „Топ тема“ говорејќи за промена на изборен модел, рече дека став на партијата е дека мнозинскиот изборен модел би дал добри резултати на директност на избирањето, ако тоа ние целта што треба да се постигне.
„Промена на изборен модел на три месеци пред избори не е соодветно, посебно кога не се знае што се сака ниту со отворените листи, односно кој модел на отворени листи го сакаме во Европа има десетици видови и граѓаните треба да знаат дека овде станува збор за диктирани листи. Во македонскиот изборен законик има флоскула за број на жени тоа ќе се преслика и во овие отворени листи затоа се вели диктирани. Ние се залагаме дека трошоците ќе се намалат во избори во еден круг, ама добро би било да се отвори темата и за отворени листи и градоначалник во еден круг и за ова да се зборува во пакет“, рече Андоновски.
За темата за соработка и коалиции ВМРО-ДПМНЕ е отворена за соработка со сите.
„Слоганот Македонија за сите луѓе најдобро го кажува тоа затоа што ние не ја гледаме државата како држава на две пруги, на една оние од власта, другата за сите други, а тука се буквално сите. Ние не го менуваме концептот за македонско национално единство, ние сакаме да ја извадиме Македонија од двостепеност или на пример за некој има вакцини за некој не“, рече Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.