Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, преку социјалните мрежи испраќа директоно прашање до министерот за здарвство, Венко Филипче, зошто во државните клиники не се применува терапијата што дава резултат во приватните клиники.

Како што вели Андоновска, во таков случај, граѓаните не би биле приморани да плаќаат од девет до 20 илјади евра, колку што чини терапијата во приватните клиники.

Ако скапата терапија и протоколи на лекување во приватните клиники навистина дава резултат, зошто истите не се применуваат и во државните клиники, без за тоа да се плаќа од 9.000 до 20.000 евра? Дали оние кои немаат пари се осудени да умрат поради неспособноста на министерот? – прашува Андоновска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.