Срамно и скандалозно е премиерот на настани да заминува со хеликоптер на МВР, пишува на Фејсбук Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска премиерот заминал на настани во Прилеп и Битола со хеликоптер.

Каков срамен скандал!!! Заев со хеликоптер на МВР, со пари од граѓаните си отишол на настан! Каква ароганција, какво расипничко однесување, без нималку чуство и човечност! Си возат мотори, хеликоптери, а луѓе се борат за живот, умират,губат работни места,собираат донации за лечење во приватни болници.  За луѓето брза помош не доаѓа, но затоа за Заев мора да има хеликоптер! Живот само за нив!? Само тие ли да живеат, а народот!? Затоа мора да има одговорност за секој еден скандал, секоја неправда направена врз граѓаните! За потсетување, едно од нивните лажни ветувања, пишува Андоновска.

 

Каков срамен скандал!!!
Заев со хеликоптер на МВР, со пари од граѓаните си отишол на настан!
Каква ароганција, какво…

Posted by Andonovska Marija on Friday, 2 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.