Кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов, доби мнозинство од гласовите во вториот круг од локалните избори, велат информациите од аналитичкиот центар на партијата. Според нив, Сарамандов, кој водеше и во првиот круг од гласањето, го доби мандатот од граѓаните и е новиот гевгелиски градоначалник.

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, покрај убедливата победа кандидатката која ја поддржуваат во Скопје, Данела Арсовска, победници се и кандидатите од партијата во Битола, Радовиш и во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.