Премиерот Зоран Заев вели дека од Агенцијата за национална безбедност со службена белешка, која е класифициран документ, бил информиран за причините за приведување на Орце Камчев и ги оценува како сериозни.
Нормално дека сум информиран од институцијата што е под надлежностна Владата, Агенцијата за национална безбедност преу службена белешка, строго доверливо, за деталите за поднесокот пред ЈО. Тие се строго доверливи и не можам да да ги коментирам, но можам да кажам дека се сериозни причини кои биле основ да посегнат по една ваква белешка да ја достават до надлежен орган, до ЈО кое понатаму одлучува, презема дејствија или не и кое еве одлучило да преземе пред судот и судот донел одлука, изјави Заев, одговорајќи на новинарско прашање по обраќањето во партиското седиште.
Тој појасни дека според она што го видел во белешката и тоа како е аргументирано сериозно за надлежна институција, независна од извршната власт, да се замисли и, како што рече, да донесе одлука.
И видовме дека донесе одлука, односно бараа притвор и судот донесе одлука за притвор. Оставам понатаму надлежите институции доколку одлучат да споделат одредени детали. Јас не би споделувал детали бидејќи се работи за класифициран документ со кој комуницираат инситуциите со премиерот, со претседателот на државата, со претседателот на Собранието, истакна Заев.
Агенцијата за Национална безбедност претходно денеска информираше дека во случајот со определување на мерката притвор за Камчев на 14.03.2021 година, во рамки на своите надлежности согласно член 6, а во врска со член 4 од Законот за АНБ, доставило до надлежното Јавно Обвинителство информација за добиени сознанија за преземени подготвителни активности за бегство на именуваниот во странство, поврзани со тековните постапки кои Обвинителството ги води против него.
Согласно наведените одредби, доколку постојат основи на сомневање дека се подготвува, организира или е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност, стои во соопштението од АНБ, Агенцијата е должна веднаш да го извести надлежното Јавно обвинителство.
Со оглед на тоа што против именуваниот се води истражна постапка, заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело од член 273 од Кривичниот законик, надлежното Јавно Обвинителство достави предлог за определување мерка притвор, а судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд – Скопје го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се појаснува во соопштението од АНБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.