Зборувајќи за денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, кое сè уште е во тек, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утрово на Радио Лидер, истакна дека Агенцијата за национална безбедност е претворена во институција за политичка пресметка. Додава дека во разговорот на Заев со Верушевски се слушнало што ќе му правел на Камчев, па по тоа се изгледа како една агенда која се спроведува врз политички неистомисленици.

Симптоматично во овој случај е дека мажот на една од обвинетите работи во Агенцијата за национална безбедност, и она што ме загрижува е дека се враќаме како во среќна 1949 како со белешки на УДБА се затвораа луѓе, не сакам да бранам никого, но со белешка од АНБ беше притворен исто така и Митко Чавков и Миле Јанакиески, вели Јаулески.

Јаулески потенцира дека со службена белешка се затвори и Митко Чавков на кој му измислија дека поседувал некои вили на Халкидики коишто никогаш не ги најдоа, затоа што впрочем не постојат, а тоа значи дека со службена белешка би можеле да се затворат во иднина и кој било граѓанин на Македонија.

АНБ е претворена во институција која треба да врши политичка пресметка и да се пресметува со службениците, впрочем и во самиот процес на селекција на кадрите таму професионалците не беа подобни за елитата на власт, а не беа спроведени на полиграф кадрите кои преминаа, таму се создаде една партиска тајна полиција која максимално се злоупотребува, потребни се нови реформи во АНБ, истакна Јаулески.

Јаулески вели дека во разговорите кои протекоа во јавноста на кои се слушаше разговор помеѓу Зоран Заев и Верушевски, во кој разговор премиерот посочил што ќе му прави на Камчев ако дојде на власт, па сето тоа личи на една пирамида и агенда за која сега гледаме дека се исполнува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.