Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, пристигна во Кривичниот суд, каде што денес ќе сведочи на третото рочиште на судењето за случајот „Рекет“.

Ана требаше да сведочи на минатото рочиште, заедно со сопругот, но најави отуство поради болест.

На ова рочиште се очекува да сведочи и сметководителката на Камчев.

Рекетарите првично стапиле во контакт со Камчева, од која барале пари за слободата на бизнисменот.

Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.