Армијата на Македонија заедно со припадници на Американската армија и членови на Американското катче од Штип и Скопје, денеска на СРЦ „ Младост “ во Неготино спроведоа еколошка акција.
– Оваа активност е во рамки на вежбата КФОР 27 која се спроведува на АП „ Криволак “ и е подготовка за најголемата воена вежба „Одлучен удар 21 “, која се планира да биде изведена следната година на АП „Криволак “, напиша градоначалникот на Неготино, Тони Делков на една од социјалните мрежи.
Покрај вежбовните активности од цивилно-воената соработка, ќе бидат спроведени и донации на заштитни средства и маски за граѓаните на општина Неготино за справување со пандемијата од Ковид-19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.