Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Македонија и Албанија во ЕУ, пишува во писмото од конгресмените испратено до бугарскиот амбасадор во САД
Повеќе од десетина конгресмени од Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД со отворено писмо до амбасадорот на Бугарија во Вашингтон, Тихомир Стојчев, побараа да се реши билатералниот спор со Македонија, за да може државата да ги почне преговорите со Европската Унија до крајот на годината.
Членовите на Конгресот препознаа дека, и покрај тоа што Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на пристапните преговори со Европската унија, останува спор меѓу вашата земја и Македонија што ги спречува Албанија и Македонија да ги започнат овие разговори, пишува во писмото.
Во писмото, членовите на Конгресот, меѓу кои демократскиот конгресмен од Масачусетс, Бил Китинг и републиканската конгресменка од Њујорк, Клаудија Тени, додаваат и дека натамошното одложување на прогресот на Македонија и Албанија кон ЕУ ќе фрли сомнеж врз заложбите на западните лидери и ќе отвори врата за антизападни политички влијанија во регионот, конкретно од Кина и од Русија.
Веруваме дека евентуалното ЕУ членство за Македонија и Албанија е клучно за долгорочните мир и стабилност во балканскиот регион и за целата трансатлантска заедница…Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Македонија и Албанија во Европската Унија, пишува во писмото на конгресмените испратено до бугарскиот амбасадор во Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.