Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска, во неговиот кабинет, ја прими амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, придружувана од нејзини соработници.

-На средбата, Џафери изрази благодарност за поддршката што американската амбасада и САД и ја даваат на Република Македонија, при што истакна дека за нас е од суштинско значење задржаниот фокус на Соединетите Американски Држави кон нашата земја и  регионот во целина, информира собраниската прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.