Новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија, Кејт Бирнс, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

Амбасадорката Бирнс оваа недела ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Бирнс е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина, каде што од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик-шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.