Како први избори одржани по влезот на Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламнетарните избори одржани на 15 јули годинава.

Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите. Како први генерални избори одржани по влезот на Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, од почетокот на годината, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот објавен на Фејсбук од американската амбасада во Скопје.

Од Амбасадата, исто така, изразуваат благодарност до ОДИХР за прелиминарната оценка на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.