Амди Бајрам на прес конференција пред новинарите рече дека останува во коалиција со СДСМ. Тој изјави дека е шпекулација оти неговата партија ќе коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ.

„Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со нив и понатака. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. Титаник пропадна, па преминав во другиот брод, рече Бајрам.

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача: „Отом потом, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот, дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш, рече Бајрам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.