Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.
На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа.
Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.
Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Бајрам имаше проблеми со срцето, а дел од медиумите, јавија дека посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид. Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.