Амбасадорот Дане Талески денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со што и официјално започна неговиот мандат како прв постојан претставник на Македонија во НАТО откако земјава на 27 март лани стана полноправна членка на Алијансата.
Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот, по што следуваше состанок на амбасадорот Талески со генералниот секретар Столтенберг.
– Членството во НАТО на Македонија е реализација на стратешка цел и реализација на еден од најважните надворешно-политички приоритети на државата што придонесе кон подобрување на стабилноста и безбедноста на државата, со позитивни импликации на целиот регион. Членството во НАТО е суверена одлука на Република Македонија зацртана со едногласна одлука на Собранието во 1993, за која што секогаш постоел широк и силен меѓуетнички и надпартиски консензус, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.