Во актуелниот политички контекст, „360 степени“ ги праша за став Амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Македонија
Одблиску ја следиме дискусијата меѓу политичките лидери. Дискусијата треба да продолжи за државата да може да организира избори и да продолжи целосно да се справува со последиците од ковид-19.“ Дискусијата треба да продолжи за државата да може да организира избори и да продолжи целосно да се справува со последиците од ковид-19, велат од Делегацијата на ЕУ
Амбасадорката на САД, Кејт Брнз вели дека техничката влада има ограничен мандат и дека требаше да биде на власт во ограничен период пред избори.
Од перспектива на САД, разумно е да се очекува избори да се одржат веднаш штом дозволат условите, имајќи ги на ум здравјето и благостостојбата и на гласачите и на членовите на избирачките одбори. Ние не предвидуваме нова политичка криза. Моментално има техничка влада. Оваа влада требаше да биде на власт во ограничен период пред да се одржат избори. Невидена меѓународна пандемија принуди одлагање на оригиналниот датум се додека условите дозволат изборите да се презакажат. Техничката влада има ограничен мандат и нема функционален парламент. Потребни се целосно овластена влада и функционален парламент веднаш штом дозволат условите, вели американската амбасадорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.