Амбасадата на САД има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата. За ова информира Микаела Швајзер-Блум, в.д. амбасадор во Амбасадата на САД во нашата држава, денеска пред ОУ „Кочо Рацин” во Скопје.
Изборите се многу важен дел за секоја демократија и веруваме дека е многу важно гласачите да можат да гласаат во атмосфера без заплашување и принуда, и дека процесот на гласање е транспарентен и одговорен, изјави Швајзер-Блум.
Таа информира дека ќе ја разгледаат проценката и податоците од ОДИХР, но за нив е корисно да можат да бидат надвор за да ја увидат состојбата на терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.