Американската амбасада во земјава го поздрави усвојувањето на Националната страгија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година.
– Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе биде валоризиран од успешната имплементација на стратегијата. Борбата против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на владеење на правото се критични за Македонија и клучен фокус на нашето стратешко партнерство, објави Амбасадата на САД на својата страница на Фејсбук.
Собранието на Македонија на вчерашната седница ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.