Амбасадата на Јапонија и амбасадорот Савада му го честитаат сребрениот олимписки медал на Дејан Георгиевски, кој денеска попладнево во Токио, на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се во тек постигна историски успех, стана олимписки вицешампиион во теквондо.

Во финалето на категоријата до 80 килограми, 22-годишниот скопјанец попладнево беше поразен од Русинот Владислав Ларин со 15:9 и освои сребро, што е прв олимписки медал за Македонија во последните 21 година.

Честитки Дејан!
Амбасадорот Савада и Амбасадата на Јапонија упатуваат честитки за сребрениот медал во тaеквондо на Дејан Георгиевски. Дејан го носи првиот олимписки сребрен медал во историјата на Македонија, пишува на Фејсбук Амбасадата на Јапонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.