Од Американската амбасада информираат дека постои зголемен ризик од терористички напади од ИСИС во Македонија. ИСИС има намера да ги напаѓа граѓаните, вклучувајќи ги и американските граѓани кои патуваат во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи, соопштуваат од Американската амбасада.

Има зголемен ризик од терористички напади инспирирани (поттикнати) од екстремистичка идеологија во Македонија. Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера да напаѓаат цивили, вклучувајќи и американски граѓани кои патуваат во странство. Терористите се повеќе користат помалку софистицирани методи, вклучувајќи пиштоли, возила и ладно оружје, чија цел е народ (поголеми групи луѓе) на јавни места. Терористички напади и други безбедносни инциденти често се случуваат без какво било предупредување, па американските граѓани се поттикнуват (охрабруваат) да одржат високо ниво на будност. Екстремистите се повеќе имаат за цел да одберат и нападнат „лесни цели” како што се шопинг молови и пазари, аеродроми, хотели, клубови и ресторани, училишта, паркови и места каде што се одржуваат јавни настани (спортски натпревари, политички собири, демонстрации, собири за празници, прослави и сл.), соопштуваат од Амбасадата на САД.

Акции што треба да се преземат:

  • Дополнителна будност на локации што се сметаат за „лесни цели” и на локации со многу народ
  • Американските граѓани се охрабруваат да одржат високо ниво на будност (внимателност)
  • Да ги проверат личните безбедносни планови
  • Да внимаваат на околината
  • Да ги следат локалните медиуми за апдејт (обновување) на состојбата

 

ПОМОШ:

Американска амбасада во Македонија
+ (389) 2-310-2000

[email protected]
https://mk.usembassy.gov

На интервенција денес попладне од Амбасадата на Сад во Скопје биле повикани и од противпожарната единица во Скопје.

Претходно МВР излезе со соопштение дека се преземени активности за спречување на терористички напад од ИСИС во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.