Ти мене функција, јас тебе благодарница! Новопечените најдобри другари Венко и Зоки изгубиле допир со реалноста. Ортаклакот на министерот за здравство и премиерот делува доста невкусно особено кога министерот Филипче на премиерот ќе му врачи благодарница за донација на семејството Заеви за реновирање на Институтот за трансфузиона медицина и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa – Струмица.

Оваа донација од Заеви, како и онаа на амбулантно возило лично од Заев кога директорот на болницата на Фејсбук собира донации „кој колку може“ се прикажување врвна ароганција и во најмала рака безобразни.

Работа на Зоран Заев му е да обезбеди пристојни услови за работа на медицинскиот персонал и достојни услови за пацнетите, а не да се перчи со лични донации. Особено не во време кога земјата со која раководи е последна на листите на успешни и прва на листите на неуспешни земји во борбата со пандемијата. Од почетокот на пандемијата со коронавирус, Филипче и Заев не можат да се пофалат со ниту една добра мерка, решение или борба со која бројот на жртви немаше да премине 5000. Заеднички им беше неуспехот и неспособноста навремено да набават вакцини и да го заштитат населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.