Министерствата за култура и земјоделство и се понудени на Алтернатива во замена за поддршката на нивните 4 пратеници за опстанокот на мнозинството на премиерот Заев.
Преговорите според неофицијални информации веќе се во тек, а во текот на викендот се очекува соработката да биде официјализирана.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето гостување на ТВ21 посочи дека пратениците од неговата партија ќе бидат конструктивни, најавувајќи дека е можно да преминат во редовите на владејачкото мнозинство, доколку имаат „силна потврда“ дека земјава во скоро време ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
На директното прашање дали Алтернатива ќе остане во опозиција или ќе влезе во владата, Гаши рече дека е тоа „лесно прашање, но и дека одговорот е тежок“.
Да направиме анализи. Да се консултираме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме – рече Гаши.
Доколку се случи оваа коалиција заедно со Алтернатива СДСМ и ДУИ ќе имаат 63 пратенички места во Собранието што ќе биде доволно за да може да функционира новото мнозинство и кабинетот на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.