Се по извесно е дека во четврток Македонија нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија.
Пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи-Зејд, прв од потписниците за интерпелација на Владата на Зоран Заев, во изјава за весникот ЛАЈМ вели дека партијата на која ѝ припаѓа треба да размисли за учество во Владата доколку земјата не добие датум за отворање на преговорите со Европската унија. Тој вели дека мали се шансите земјава да добие датум во текот на декември.
Сепак од неговата партија поточно од потрпаролот Орхан Муртезани велат дека Алтернатива останува доследна на принципите поради кои се приклучи на владејачкото мнозинство и оптимизам дека до крајот на јануари ќе има помрднување во европската агенда на Македонија.
-Алтернатива се придржува до принципите поради кои одлучи да се приклучи на владејачкото мнозинство. Следствено на тоа, одржувањето на евроинтегративниот курс и добрососедството е една од основните и најважни точки за да ја донесеме таа одлука.
Не зависи од нас решавањето на спорот со Бугарија, ниту одлуката за отворање преговори со ЕУ, иако нашето вклучување во владата секако го помогна на овој процес.
Имаме големи надежи дека ние сме ги исполниле условите за отварање на поглавјето за интеграција со ЕУ и сме многу оптимисти дека тоа ќе се случи до крајот на јануари. Доколку, хипотетички тоа не се случи, не мислам дека само Алтернатива треба да го постави прашањето како понатака, туку ова е прашање што треба да го постават сите политички фактори во државата, велат од Атлерантива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.