Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ.
Исто така ја користам приликава и да прашаме до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори кои се на штета на сите граѓани во Македонија, запраша Стоилковски.
Стоилковски одговарајќи на прашањето посочи дека од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата.
Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ.
Стоилковски додаде дека не е прашање дали, туку кога час поскоро оваа власт ќе падне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.