На заедничката прес-конференција помеѓу лидерот на СДСМ во заминување Зоран Заев и Африм Гаши од Алтернатива, двајцата лидери потврдија дека Алтернатива станува дел од Владата и порачаа дека парламентарното мнозинство останува стабилно до 2024 година, со амбиции да продолжи и понатаму.

Заев истакна дека главната цел е да се започнат преговори со ЕУ и да се изнајде решение на проблемот со Бугарија.

Се здруживме бидејќи во овие моменти најважно е функционирањето на институциите во полн капацитет. Постигнатиот договор е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за актуелните предизвици, како континуитет и успешен епилог во процесите на почеток на преговори на ЕУ, решение за проблемот со Бугарија, решенија за пандемијата и енергетската криза. На Македонија и е потребна влада која испорачува резултати посебно кога е потребен евроатлански курс. Порака до ЕУ и посебно до Бугарија – Во Македонија стабилно зголемено парламентарно мнозинство, подготвени сме да го надминеме проблемот и да го зачуваме пријателството, ние сме братски народ. Преговорите треба да започнат веднаш, бидејќи заслуживме, европеизација веднаш“, порача Заев.

Алтернатива ќе менаџира неколку министерства – Министерство за здравство, министерство информатичко општество и министерство без ресор задолжено за дијаспората. Алтернатива ќе добие и тројца заменици министери и тоа во МОН, министерството за култура, а за третиот ресор ќе се дискутира, но разговаравме за заменик министер во министерството за земјоделие земјоделство. Алтернатива ќе земе одговорност во повеќе институции во центарлно и локално ниво како што се МЕПСО, Фонд за здравство, железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции, објасни премиерот во заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.