олитичката партија Алтернатива ја откажа седницата на Централното претседателство која беше закажана за денеска, а на која се очекуваше партијата да дискутира и да одлучи дали ќе се приклучи кон парламентарното мнозинство и ќе влезе во Владата.

Откажувањето на состанокот, како што велат оттаму, е во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства.

„Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакуваме брзо враќање во нивните животи“,

велат од Алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.