Хисни Исмаили – потпретседател на Собрание,
Беким Сали – Министер за здравство,
Адмирим Алити – Министер за информатичко општество и администрација,
Џемаил Чупи – Министер без ресор – одговорен за дијапсората,
Љуљзим Алиу – заменик министер за образование и наука,
Абдулшуќур Абедини – заменик министер за земјоделство,
Даим Ључи – заменик министер за култура,
Орхан Муртезани – Директор на МЕПСО.

Ова се некои од имињата кои Алтернатива ги одреди за да раководат со ресорите кои оваа партија ги доби со договорот за влез во влада. Беким Сали е иден министер за здравство кој доаѓа на местото на Венко Филипче. Тој во изјава за ТВ21 вели дека предлогот дошол како резултат на неговиот професионализам и искуство како лекар.

Не се знае точно кога ќе биде преземањето на новата функција, постапката зависи од оставката на актуелниот премиер Зоран Заев и преземањето на мандатот од новиот премиер. Алтернатива успеа да добие неколку управи кои синоќа ги соопшти портпаролот на партијата, односно идниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани.

Аналитичарот Арбен Раткоцери смета дека партијата на Гаши ги добила најмоќните државни позиции, земајќи ја превид актуелната ситуација. Тоа што се забележува е тоа што нема застапено ниту една жена.

Имињата ги предложил лидерот на партијата, Африм Гаши а членовите на централното раководство едногласно ги изгласале на синоќешниот состанок, велат од Алтернатива.

Следниве денови ќе се објават и имињата на раководителите на неколку други институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.