Опозициската Алтернатива го прашува министерот за здравство Венко Филипче дали е точно дека економскиот директор Артан Етеми во Клиничкиот центар Тетово нападнал лице од техничкиот персонал.
– За да не остане ова тепачка само како шпекулација, министерот за здравство, Филипче, е должен да објасни дали е вистина дека директорот тепал вработен и, дури, побарал дополнително засилување, како што изјавија медиумите, и ако ова е вистина, која е одговорноста што ќе ја понесе тој?! Додека не се расветли овој случај, Алтернатива смета дека е опасно да се оди во Клиничкиот центар Тетово поради хулиганството на директорот – велат од Алтернатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.