Премиерот Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, позираа без маски и без одржување дистанца, додека Али Ахмети со претседателот на Собранието, Талат Џафери и сите министри од оваа партија, беа собрани заедно, да слават патетичен роденден во време на пандемија, без маски и без одржување на дистанца.
Сето тоа во време кога граѓаните се казнуваат насекаде токму за неносење на истите, реагира Алтернатива.
Го прашуваме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого важи казната за маски во оваа држава? Дали оваа казна се однесува само на обичните граѓани кои не се на власт или на сите граѓани подеднакво? Доколку вашиот одговор е вториот, тогаш ние очекуваме да ѝ докажете на јавноста дека Министерството за внатрешни работи ги казнило и овие лица за неносење маска. Само тогаш ќе имате право да продолжите да ги казнувате граѓаните за неносење маска. Напротив, веќе немате морал да изрекувате казни и ова ќе биде доказ дека на вас ви паднаа маските и го открија вистинското лице на Владата, која има за цел да ги одере граѓаните со цел да ги засили луѓето од власта – велат од Алтернатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.