Од Алијанса за Албанците вечерва излегоа со соопштение во кое велат дека денеска бил денот кога паднале сите маски.
Денеска беше денот кога паднаа сите маски, кога сегашниот режим се самопотврди, кога сите сведочевме и сведочиме кои сме и за што сме! Денеска конечно беше делегитимиран хибридниот режим СДСМ-ДУИ, додека сега нема законитост со само 59 гласа и пратеник кој се уште е во мистериозни околности. Денеска се потврди дека граѓаните и опозицијата имаа право кога имсистираа на рушење на овој режим којс се повикува во ЕУ со антиевропски механизми. Овој режим денес докажа на кој начин останува на власт; со притисоци, закани и уцени!
Но, овој режим нема да опстане и покрај секоја акробација што ја прават!“, велат од Алијанса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.