На првиот ден од кампањата за локалните избори партијата Алијанса за Албанците отвори општински изборен штаб во партиското седиште во Тетово. Претседателот на партијата Зијадин Села посака добра кампања на сите.

Победата е резервирана за кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а тоа е еден до кандидатите за Тетово, кој ќе биде победник на изборите, а тоа ќе биде господинот Вулнет Вејсели. Тоа е и обврска наша, бидејќи на Тетово му е потребно да се спаси од оваа владејачка партија која владее долго време. И која на ниеден начин о нема подобрено животот на граѓаните на Тетово, туку напротив. Успешна и коректна кампања, мирни и демократски избори. Имаме богата програма како коалиција, добри и квалитетни кандидати, праведни, кои мислат да ја градат иднината во оваа држава, почнувајќи секој од општина во која живее, од каде доаѓа. Нашата платформа е „пастер“ што значи „чисто“, тоа подразбира чиста средина, тоа подразбира чист воздух, тоа подразбира чисти кандидати за градоначалници, тоа подразбира чисто работење без корупција, без мито, а тоа значи и чиста победа на нашата коалиција, истакна Зијадин Села.

Кандидатот за градоначалник Вулнет Вејсели рече дека очекува да има мирни и демократски избори, а најави скоро претставување на програмата за Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.