Алијанса за Албанците тврди дека голем број граѓани останале непопишани во пописот што заврши пред три дена.

Халил Снопче истакна дека останале непопишани голем број на граѓани.

На 30 септемви Заводот за Статистика објави дека пописот е завршен и во земјата се попишани 1.832.696 граѓани. Во странство се попишани само 204.805 граѓани. Според оваа на пописот одржан во 2021 година во Република Македонија живеат 1.832696 резидентни граѓани и 204.805 нерезидентни односно кои живеат во други држави во светот. Сега може да заклучиме дека вкупниот број на жители на нашата држава (резидентни и нерезидентни) изнесува 2.037.501. жители или споредбено со пописот од 2002 зголемувањето е само за 14.954 жители, или 31.307 помалку од тоа што кажуваше заводот за статистика на крајот на минатата година. Со оглед дека со пописот беа опфатени и семејствата и становите, сега веќе се знае дека се попишани 568.175 домаќинства и 837.255 станови од што се констатира дека во државата имаме 269.080 повеќе станови од домаќинства. Тоа значи дека 41.09 % на семејствата на нашата земја поседуваат повеќе од еден стан, вели Снопче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.