Деновиве, кога коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернaтива очекува свикување на седницата за усвојување на предлог-законот за државјанство, на место да добиваме сугестии и предлози, премиерот Зоран Заев изјавува дека „со три сведоци се склучува брак, но не се добива државјанство, реагираат двете партии.
Иако неговиот невкусен цинизам е неодржлив, бидејќи ваквото правно средство не е туѓо во нашата пракса, сепак неговата изјава повеќе зборува за неговата потсвест отколку за неговата свест. Тоа го отсликуваа најдобро неговиот страв дека со овој закон можеби се зголемува бројот на Албанците. Затоа, нему не му пречи бројот на сведоците, туку бројот на Албанците — велат од Алијанса и Атернатива.
Сепак, се додава во реакцијата, го повикуваме премиерот, заедно со своите коалициони партнери, да го прифати овој предлог-закон на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, бидејќи тој е во интерес на сите граѓани, а не само во интерес на Албанците
А, доколку има забелешки околу текстот на предлог-законот, ние сме подготвени да дискутираме на таа тема и на закажаната пленарна седница, преку амандмани, да ја усогласиме финалната верзија на текстот. Но, уште еднаш истакнуваме, цинизмот и иронијата не му помагаат на премиерот да го скрие и храни стравот дека на вој начин некои Албанци ќе се стекнат со државјанство. Дури, ако тој и неговата партија сакаат навистина да покажат дека се за граѓанска држава без никаква дискриминација врз ниту една основа, овој предлог-закон е тест токму за тоа – велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.