Алијанса за Албанците вечерва испрати телеграма со честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На Христијан Мицкоски му честитаме за повторниот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години. Исто така им честитаме на членовите на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата. Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, велат од партијата.
Алијанса за Албанците вечерва испрати и телеграма со честита до новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
На Димитар Ковачевски му честитаме за неговиот избор како нов претседател на СДСМ. Овој легитимитет на Ковачевски, добиен според принципот еден член еден глас, без никакви дилеми доаѓа со голема одговорност, посебно во соочувањето со многуте кризи со коишто се соочува земјата.
На Ковачевски и новото раководство на СДСМ им посакуваме среќа и успеси во исполнувањето на програмата презентирана на денешниот конгрес, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.