Македонија станува најтрагикомичната држава во светот. Сегашната власт и Министерството за внатрешни работи станаа предмет на потсмев низ светот и ужас за граѓаните. Веќе неколку недели МВР нема пасоши за граѓаните, а целиот свет го има информира дека нашите државјани ќе се движат со истечени пасоши“, наведува коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Поминаа три месеци од кога МВР нема ниту регистарски таблици за возилата што се во процес на регистрација. И за да не биде сето ова доволно, министерството нема ниту егземплари за печатење на возачки дозволи и на граѓаните што аплицираат им се издава потврда во хартија. Последниве денови се добиваат информации дека во некои училишта нема ниту сведителства за учениците. А во исто време, Македонија беше единствената држава која што во рок од два или три дена им имаше обезбедено секаков вид на документација на најголемите криминалци и главешините на мафијата од регионот и светот”, велат од опозициската коалиција.
Но, проблемот не завршува тука, смета партијата.
Сега се предвидува да започне вистинската голгота. Во следните недели се очекува да пристигнат иселениците, а како што е до сега известено, многумина од нив имаат документи со истечена валидност. Како и во многу други случаи и овој пат, поради неспособноста на институциите, на иселениците не им се обновиле документите во амбасадите. Сега, тие дури и во нивната татковина ќе се соочат со недостиг на документација и со фамозното паѓање на системот. За ова, уште сега предупредуваме и ќе ве потсетиме кога ќе дојде денот. Немојте да кажете дека напливот ве изненади, но, признајте дека сте неспособни и корумпирани и дека сте во служба само на криминалците”, се вели во реакцијата на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.