На седница на Централното собрание на Алијанса за Албанците се усвоија имињата на кандидатите за градоначалници.

Централното Собрание одлучи за следните кандидати:

Куманово – Беким Салиу

Арачиново – Наим Синани

Сарај – Ќерим Мамути

Желино – Махир Зибери

Теарце – Назим Таипи

Брвеница – Арѓенд Гура

Тетово – Вулнет Мурсели

Боговиње – Албон Џемаили

Гостивар – Арбен Таравари

Врапчиште – Исен Шабани

Дебар – Беким Поцеста

Струга – Идри Истрефи

За Општина Боговиње имаше тајно гласање каде членовите на Собранието требаше да изберат меѓу две кандидати, Албон Џемаили и Садик Сулејмани. Со мнозинство гласови, Собранието одлучи за Албон Џемаили да биде кандидат за Градоначалник на Општина Боговиње.

На овие избори ќе настапиме како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. Имаме договор со други политички субјекти и овој договор за соработка е објавен во јавноста. Исто како што имавме понуда до нашите противници од ДУИ за директно соочување, тие не го прифатија овој договор и наметнаа друго темпо во трката, на што одговоривме на ист начин. Примарната цел на опозицијата е соборување на власта, примарна цел е нова Влада, изјави Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.