,, Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игроорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самoиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ. За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес“- е реакцијата на Алијанса за Албанци по поставувањето на албанското занаме на ѕидините од Самоиловата тврдина во Охрид.

Денеска група од Косово кои учествувале на играорен фестивал, го поставија во неколку наврати албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, по што македонската јавност бурно реагираше.

Полицијата го симна знамето и приведе двајца на разговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.