Заедно со кандидатите за советот на општината Тетово, Алијансата на албанците отвори штаб во населбата Гам-гам.

За време на разговор со граѓаните, беа презентирани најклучните проекти од програмата за оваа населба.

Меѓу ветувањата што партијата ги даде пред жителите од оваа населба беа истакнати чистење на коритото на реката и шеталиштето, инвестирање во улично осветлување, парк за деца и решавање на проблемот со водата за пиење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.