Денес, пред зградата на Владата, од Алијансата за Албанците и Алтернатива поставија знак со, како што рекоа, најкорумпираните луѓе во Македонија. Омер Ајдини од Алијансата, рече дека за да се исчисти земјата од корупција, треба да бидат затворени двете главни политички фигури во земјата, премиерот Зоран Заев и неговиот албански партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Оваа акција денес има врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев кој, за среќа или за жал, претстави акциски план за борба против корупцијата во неговата Влада. Сметаме дека овој акционен план е многу неопходен токму затоа што оваа влада е потопена во корупција. Сепак, според анализата што ја направивме за овој акционен план, сметаме дека како прва точка треба да биде затворање на премиерот Зоран Заев, кој успеа да ја направи  Македонија најкорумпирана земја на Балканот. Втората точка се однесува на затворањето на Али Ахмети кој е осомничен за коруптивно учество во случајот „Маџар Телеком“. 

Господине премиер, оваа Влада предводена од Вас и Али Ахмети, на компанијата „Пуцко петрол“ на пратеникот од ДУИ му дадоа тендер за набавка на нафтени деривати веднаш по изборите на 15 јули, затоа што Исмаил Јахоски истури милиони евра за да купи гласови за ДУИ. Господине Премиер, токму владата што ја водите Вие и Али Ахмети ќе им „прости“ милиони евра пари на граѓаните, на олигарси со купување акции од „Макпетрол“. Господине Премиер, Вашата Влада и Вашите луѓе направија коруптивни скандали во случајот „Рекет“ и многу малку од нив одговорија пред судството. Господине Премиер, Вашата Влада и Вашите луѓе прават масовна корупција со давање дозвола за отворање на казина во државата, велат од АА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.