Дванаесетте пратеници на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива размислуваат за бојкот на Собранието поради неисполнувањето на ветувањето од страна на ДУИ дека, доколку тие бидат дел од Владата, идниот премиер ќе биде Албанец, пишува „ТВ21“.
Ваквата идеја првично ја најави генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, кој соопшти дека предлогот ќе го достави до раководството на партијата.
Идејата на Реџепи ја поддржуваат и од Алијанса за Албанците од каде велат дека ќе ја разгледуваат и одлучуваат во текот на следните денови.
Идејата на Реџепи е една од можните опции и тоа е многу логична идеја – вели Таравари за „ТВ21“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.