Ја поздравуваме одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го врати во Собрание законот со кој македонската влада и опозиција се обидоа да прошверцуваат легализација на урбанистичките злосторства, соопшти коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Одлуката на Пендаровски уште еднаш го потврди она што ние како албанска опозиција го алармиравме од почетокот, и на денот на гласање на законот. СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да се скријат зад граѓаните за да ги амнестираат урбанистичките злосторства на Стевче Јакимовски, Латас и другите соработници на сегашниот и претходниот режим. По оваа одлука, Законот треба да се врати во Собранието, да се разгледа во редовна постапка и со учество на сите надлежни тела и чинители. Овој закон навистина мора да им служи на граѓаните и не смее да ги злоупотребува грижите на граѓаните за да им служат на политичките криминалци на претходната власт како и на оние од сегашната власт. Поддршка за граѓаните да, амнестија за урбаните злосторства во никој случај- велат од АА-А.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.