Државниот универзитет на Тетово му го додели признанието почесен „Доктор Хонорис Кауса“ на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави Наставно-научниот совет на правниот факултет.
„Согласно член 184 од Законот за високо образование на Република Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети“ стои во соопштението.
Комитетот за доделување на признанието е составен од професорите Вулнет Амети, претседател, Шезаи Рокај и Арсими Бајрами, членови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.