Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека почина Бранко Синадиновски, контроверзниот основач на неофицијализираната Верска заедница на православните Албанци од Македонија.

Заминувањето на Бранко Синадиновски од овој свет остава празнина во напорите за духовна и национална катароза на православните Албанци во нашата земја, но тој остави и неизбришливи траги и дела во историјата на Албанците воопшто и на православните Албанци особено.

Делата што ги напишал ќе продолжат да ги едуцираат следните генерации. Во овие моменти на тага, изразувам искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите оние што го познаваа, соопшти Ахмети.

 

Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.