Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори каде уште еднаш се докажа дека Демократската Унија за Интеграција е најголемата албанска политичка сила во земјата.
Заедно остваривме победа и овој пат и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект каде што сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам.
Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани, истакнал претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.