Зоран Милески викан Кичеец бил сведок на обвинителството за „Рекет“, кога случајот бил во предистражна постапка. Што се случило за потоа да стане осомничен, останува дилема, објавува телевизијата „Алфа“.

Според инфорамциите нан „Алфа“ тогаш прв пат имал средба со обвинителката Вилма Рускоска, до завршување на истрагата со Рускоска се сретнал уште еднаш, но веќе во својство на осомничен. На втората средба не кажал ништо, молчел. Неговиот адвокат Александар Новаковски вели дека следната недела ќе ги видат доказите против Милевски, па дури тогаш ќе одлучат дали тој ќе даде своја одбрана или ќе се брани со молчење. Рускоска за Кичеец ја заврши истрагата, без да ја слушне неговата одбрана, решението му го испратила по пошта во затворот Скопје, вели за „Алфа“, Новаковски.

Во понеделникот добивме известување за завршена истрага. Милевски ја доби во притворското одделение, а јас лично сега подготвувам листа докази кои сум должен да ги доставам во рок од 15 дена, вели за „Алфа“ неговиот адвокат Александар Новаковски, во телефонски разговор.

Милевски од вчера е дома, мерката притвор му е заменета со куќен. Неговиот адвокат Новаковски во четвртокот поднел барање за замена на мерката со куќен притвор. Останува дилема, од каде знаеле кога ќе заврши истрагата, како би се елиминирале основите Милевски да не влијае врз сведоци и дека нема да го повтори делото. Вчера обвинителството не се противеше Милевски од Шутка да замине дома. Веќе во јавноста почна да се шпекулира дека Кичеец најверојатно се спогодил со обвинителството,да биде соработник за поблага казна. Неговиот бранител тврди дека договор за спогодба нема, а тој и понатаму останува осомничен. Милески е второосомничен во милионската афера, на товар му е ставено кривично дело перење пари. Јавноста го виде на снимка како од домот на бизнисменот Орце Камчев, излегува со чанта Луј Витон во која наводно имало половина милион евра, објавува „Алфа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.