Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски в сабота ќе се сретне со премиерот во заминување Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дознава „Алфа“. Според изворите на телевизијата, средбата Мицкоски-Заев ќе се одржи во сабота во 17 часот во зградата на македонската влада, додека подоцна истиот ден, од 19:30 Мицкоски ќе се сретне со Ахмети, но за оваа средба се уште нема точна локација.

Темата на двете средби ќе бидат деталите за формирањето на техничката влада и кадровските решенија кои од 3 јануари ќе бидат дел од владата која ќе ја води државата до 12 април кога се закажани предвремени парламентарни избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.